Алмакос Клима ДООЕЛ

Компанијата Almakos Klima ДООЕЛ е основана на 12.02.2012 год. во Гостивар како официјален претставник и агент за продажба за DAIKIN AIRCONDITIONING CENTRAL EUROPE за териториите на Албанија, Северна Македонија и Косово.

Дејност

Основна дејност на компанијата е давање техничка, логистичка, продажна и маркетинг поддршка на овластените DAIKIN партнери на пазарите на кои работи.

Компанијата Almakos Klima е одговорна за обезбедување на континуирана едукација на своите партнери, дизајнери и сите други кои доаѓаат во контакт со DAIKIN.

Визија и мисија

Визија на компанијата Almakos Klima е остварување на водечката позиција на брендот DAIKIN на пазарите на Албанија, Македонија и Косово. Водени со еден цел, дека квалитетот треба да е достапен за секого, работиме да ги задоволуваме потребите на секој потрошувач, без разлика дали станува збор за резиденцијален, комерцијален или индустриски сегмент. Ние не нудиме производ, ние обезбедуваме решение.

Мисијата на Almakos Klima е позиционирање на брендот DAIKIN на пазарот како симбол на квалитет, сигурност и долготрајност, кој благодарение на врвните технологии, им овозможува на корисниците оптимална комфора во однос на контролата на внатрешниот клима. Покрај тоа, работиме на зголемувањто на свеста за искористувањето на обновливите извори, а со тоа и на енергетската ефикасност, водејќи сметка и за зачувување на животната средина.

Кошница0
Нема приозводи во кошницата
Продолжи
0