КОРПОРАТИВНАТА ЕТИКА НА DAIKIN EUROPE GROUP

Корпоративната етика на Daikin е израз на основните вредности и претставува урнек за донесување одлуки. Лична одговорност и обврска на секој член на Daikin Europe Group е да ги почитува високите етички и правни експлицитни и имплицитни стандарди на водење на работите, без разлика дали се уредени со закон.

Ова се 12 клучни елементи на корпоративната етика на Daikin:

  1. Да се обезбеди правна согласност
  2. Да се овозможат безбедни, висококвалитетни производи и услуги во согласност со идните потреби на крајните корисници
  3. Да се спроведе бизнисот врз основа на принципите на фер конкуренција
  4. Да се применуваат фер постапки со одржување пријателски, но истовремено предизвикувачки и конкурентни односи со доставувачите
  5. Да се почитува интелектуалната сопственост и доверливоста на поседуваната информација
  6. Навремено и соодветно да се открие корпоративната информација
  7. Да се биде компанија што се стреми да има минимално влијание врз околината
  8. Да се овозможи безбедност при нашата работа
  9. Да се создаде динамично работно место што поттикнува гордост и ентузијазам во секој вработен
  10. Да се заштити корпоративниот имот
  11. Да се постапува умерено при забавите и размената на подароци
  12. Да се одржува строг став кон нелегалното, антисоцијалното и неетичкото однесување.

Поднесување извештај за несообразност преку whistleblower / hotline

Ви благодариме на интересот за програмата за етика и усогласеност на Daikin Europe. Вашите коментари се важни и даваме сè од себе навреме да одговориме на сите прашања. Посветени сме да овозможиме отворена и искрена околина во која засегнатите страни имаат можност да ги искажат своите прашања, грижи или можни прекршувања во врска со нашето водење на бизнисот.

Ви препорачуваме да ги внесете вашите лични информации во долунаведениот веб-формулар; исто така може да оставате анонимни коментари со псевдоним и адреса на е-пошта, што сте ја создале само за оваа намена.

Corine Vyncke
Chief Legal Officer
Daikin Europe N.V.

Кошница0
Нема приозводи во кошницата
Продолжи
0